Еве како да спасите мобилен телефон доколку ви падне во вода

popara12 јуни, 20111min00
Save-a-Cell-Phone-Dropped-in-Water

Во епизодата „Upgrade Your Life“ Беки Ворли демонстрирала што да се направи доколку ви падне мобилниот телефон во вода.

За тестирање ги одбрала следниве телефони “BlackBerry”, “Droid” и “iPhone” и ги ствила да отседат во вода 60 секунди, и потоа објаснила следните чекори што да се прави.

Чекор 1: Не го вклучувајте го телефонот.
Ако ви падне телефонот во морска вода, не го вклучувајте за да проверите дали работи, тоа ќе го уништи вашиот телефон. Веднаш ставете го во свежа обична вода и потоа преминете на следниот чекор.

Чекор 2: Отстранете ја батеријата и SIM картичката.
Отстранете ја батеријата, SIM картичката и мемориската картичка, ако вашиот телефон има.

Чекор 3: Исплакнете го телефонот со вода од чешма.
Ако телефонот ви паднал во солена вода, откако ќе ја извадите батеријата и картичката веднаш исплакнете го со обична вода, да не дојде до корозија на вашоит апарат.

Чекор 4: Исушете го вашиот телефон со компримиран воздух.
Ако имате уред со компримиран воздух при рака, веднаш исушете го апаратот, доколку немате можете да користите правосмукалка, никако да го ставате во печка, микровална или рерна, тоа ќе го уништи вашиот телефон.

Чекор 5: Покријте го со ориз вашиот телефон
Наполнете пластична чаша со ориз и ставете го телефонот и сите негови делови во чашата така да бидат целосно покриени во период од 24 часа.
Како замена за оризот, можете да користите вреќички со силиконски гел, и да ја примените истата постапка.

Чекор 6: Вклучете го вашиот телефон
По 24 часа, склопете ги сите делови од вашиот телефон, и упалете го.

Резултатите од експериментот не биле охрабрувачки. Само “Black Berry” телефонот повторно се упалил. “IPhone” и “Droid” не покажале знаци на живот.

Вреди да се проба ова бидејќи знаеме дека мобилните телефони не се под гаранција доколку ви паднат во вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma