4 причини зошто мора да одите на годишен одмор

popara7 август, 20111min00
kostimi naslovna

Сите оние што во последните неколку години не отишле на заслужен одмор, би требало уште еднаш да размислат за тоа. Истражувањата покажаа дека кратките и долгите патувања, како и еднодневните излети, можат да го продолжат животот.

Одморот и бегство од секојдневието треба да бидат нормална работа, но поради лошата финансиска ситуација во која денес многу се наоѓаат, трошоците за одмор се оставаат за некое подобро време. Но, заслужениот одмор не мора да претставува двонеделен престој во скап хотел, туку може да биде и кратко бегство од секојдневието, како излет во природа, разгледување на знаменитости или спа викенд со масажа и базен.

1.     Активност

Најголем дел од вработените денот го минат пред компјутер или во канцеларија. Еднодневен или викенд излет ќе ве натераат да бидете физички активни, со што ќе ви се подобри циркулацијата во телото, а со тоа ќе ја вратите силата и енергијата. Докажано е дека луѓето кои водат активен приватен живот, живеат подолго од оние кои не го прават тоа.

2.     Расположение

Истражувањата докажаа дека кратките и долгите патувања влијаат позитивно и на умот. Промената на околината, како и пријатно друштво, ќе ви помогнат да го подобрите расположението и да развиете позитивни мисли и спомени, кои исто така ќе ви помогнат да ја преживеете работната недела.

3.     Стрес

Секое бегство од дневната рутина е многу корисно. Ден во природа без автомобилски гужви, без рано станување и работни обврски, може да го стимулира вашето расположение, што значи дека овие промени се совршена антистрес терапија.

4.     Здравје

Патувањата делуваат многу позитивно и на вашето општо здравје. Освен намалување на стресот, редовниот одмор може да биде одличен борец против хроничните и други заболувања. Луѓето кои редовно водат активен приватен живот, што вклучува двонеделен годишен одмор, викенд дружење со драги личности во природа или на некоја друга пријатна локација, значително го  намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, висок притисок и рак на дојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma