Frank Costello

5 јули, 20110
Frank_Costello_-_Kefauver_Committee

Фељтонот за познатите мафијаши го продолжуваме со Френк Костело, италијански мафијаш познат и како „Премиерот на подземјето“. Костело е запаметен во историјата како еден од најголемите и највлијателните мафијашки босови, а во еден момент од својата кариера тој бил и „кум“ на мафијашката фамилија Лучијано.

Френк Костело е роден како Франческо Кастиља на 26 јануари 1891 година во Лаурополи, планинско село во близина на Калабрија во Италија.Во 1900 година, на деветгодишна возраст Костело, заедно со својата мајка и со својот брат Едвард заминале во Њујорк каде живеел неговиот татко. Таткото на Костело, кој веќе неколку години живеел во Њујорк, работел во сопствената италијанска продавничка во Источен Харлем.

Уште како дете, Костело, преку својот постар брат, навлегол во њујоршките банди. Кога имал 13 години, Костело веќе бил полноправен член на локалната банда и започнал да го користи името Френки. Во наредните неколку години Костело продолжил да се занимава со криминал, а бил уапсен за кражба и вооружен напад во 1908, 1912 и 1917 година. Во 1918 година, Костело се оженил со еврејката Лорета Џиџермен, сестра на негов близок пријател. Истата година, Костело одлежал казна затвор од 10 месеци за носење и криење на оружје. По одлежувањето на казната, Костело решил да не се занимава со ситен криминал и рекетарство, туку да го употреби својот интелект и да заработи пари како вистински криминалец. Тој исто така решил дека насилството не е вистинскиот пат кон успехот и богатството, па одлучил никогаш повеќе да не носи пиштол со себе. Оваа одлука ќе допринесе Костело да не се врати во затвор во наредните 37 години.

Додека работел за бандата Морело, Френк Костело го запознал Чарли „Лаки“ Лучијано, сицилијански бос кој стоел на чело на бандата од источен Менхетен. Двајцата италијанци веднаш станале пријатели и партнери. Заедно со Вито Џеновезе, Томи „Три прсти“ Лукезе, и евреите Мејер Ленски и Бенџамин „Багзи“ Сигел, бандата започнала да се занимава со грабежи, изнудување, коцкање и трговија со наркотици. Оваа банда напредувала уште повеќе по забраната за алкохол во 1920 година, преку шверцување на алкохол, што било финансирано од страна на Арнолд Ротстејн, богаташ познат по финансирањето на криминални активности.

Успехот на младите криминалци им донел соработка со најуспешните еврејски и ирски криминалци во тоа време, како Дач Шулц, Овни „Убиецот“ Меден и Вилијам „Големиот Бил“ Двајер, а Ротстејн им станал ментор. Во 1922 Костело, Лучијано и другите млади италијанци се приклучиле на сицилијанската мафија предводена од Џо Масерија, еден од највлијателните мафијашки босови во тоа време. Во наредните неколку години, Костело се зближил со Меден и Двајер и им помагал во шверцување на рум и други алкохолни пијалоци, криминални операции познати како „Комбинации“.

Во 1926 година, Двајер бил осуден на две години затвор заради поткуп, па Костело ја превземал работата со шверцување на алкохол. Ова предизвикало судир со Чарлс „Вени“ Хигинс, познат како „последниот ирски мафијашки бос“. Хигинс сметал дека тој треба да раководи со шверцот на алкохол, а не Кастело. Така започнале познатите „пивски војни на Менхетн“, помеѓу Хигинс од едната, и Костело, маден и Шулц од другата страна. Иако Хигинс наишол на подршка од други познати њујоршки мафијаши, па по некое време Костело и неговите соработници биле поразени од тогашното њујоршко подземје.

И покрај поразот, Костело и понатаму бил еден од највлијателните гангстери во тоа време. Тој продолжил да соработува со Лучијано, Лански и Сигел кои го контролирале коцкањето и рекетирањето, како и познатите „лебдечки казина“. Костело набргу се прославил како „премиер на подземјето“, бидејќи посредувал и овозможувал бизнис зделки помеѓу љујоршките криминалци и тоашните политичари, бизнисмени, судии и полициски функционери. Со мешање на бизнисот, политиката и криминалот, Костело значително го зголемил своето влијание. Неговите соработници сметале дека Костело е најважната алка помеѓу мафијата и останатиот свет, бидејќи им овозможил да купуваат услуги од политичари, адвокати, полицајци, судии и градски власти и значително им го олеснил нивниот криминален бизнис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi