5 начини да се разбудите убави

22 јули, 20110
Alessandra-Ambrosio-47

Не ви се допаѓа сликата што ја гледате наутро во огледало? Обидете се со неколку трикови кои ќе ви помогнат да се разбудите убави.

Измијте го лицето неколку часа пред спиење

Ако го средувате лицето пред да одите во кревет, можно е да не го исчистите најдобро бидејќи сте уморни. Така токсините ќе останат во кожата цела ноќ, што ќе ја спречи нејзината регенерација.

Спијте на грб

Спиењето на стомак е лошо за убавината, бидејќи главата со целата тежина го притиска лицето и така предизвикува создавање на брчки. Многу дерматолози велат дека можат да погодат како некој спие, само според брчките на лицето.

Подигнете го вратот

Спиењето со подигнат врат или на поголема перница помага за циркулација на крвта, па течноста не се задржува во ткивото.

Водете грижа што вечерате

За да не се разбудите отечени, вечерајте намирници богати со протеини и со многу малку шеќер. Обидете се со лосос и шпаргли бидејќи се природни диуретици и помагаат за исфрлање на течностите. Оризот, тестенините и компирите избегнете ги за вечера.

Спијте на сатен или свила

Ако не сакате вашата фризура наутро да изгледа како да сте се чешлале со петарда, спијте на сатенски перници или ставете ја косата во свилена марама. Овие ткаенини се помеки од памукот, па ќе го намалат триењето и вашата коса нема да се замрси. Виткање на косата во пунџа за време на ноќта ќе и даде природен волумен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *