Летна храна за слабеење

22 јули, 20110
dieta devet kg

Овошјето, зеленчукот и многу течности се основни елементи на летна исхрана, а со такво мени едноставно не може да сте на лош пат. Ви претставуваме 10 производи и јадења кои треба да ги вметнете во своето летно мени.

1.     Јагоди

Иако сезоната на јагоди е на границата помеѓу пролет и лето, сеуште можете да ги најдете. Затоа, препуштете се на ова здраво овошје преполно со моќни антиоксиданси. Бидејќи содржат лептин, хормонот кој го поттикнува слабеењето, јагодите го забрзуваат метаболизмот и помагаат при контрола на крвниот притисок и во борбата против дијабетес.

2.     Боровинки

Богати со растителни влакна, антиоксиданси и витамини К и Ц, боровинките се одличен сојузник во борбата против мастите собрани околу стомакот, а исто така имаат и ефект против стареење. Не само како производ за слабеење, тие се препорачуваат и за оние кои имаат проблеми со меморијата и учењето, но и лица кои се борат против холестерол.

3.     Ладна супа

Гаспачо е идеално летно јадење кое ќе ви помогне да ја намалите тежината. Здравата и освежувачка ладна супа пред главното јадење ќе ве засити и ќе допринесе да внесете помала количина на храна.

4.     Магдонос

Оваа здрава намирница која изобилува со витамин Ц и антиоксиданси треба да биде честа состојка во вашите летни оброци.

5.     Зеленчук на скара

Летото е сезона на скари. Заборавете на затворените кујни и забавувајте се на отворено припремајќи разноразни деликатеси на скара. А зеленечукот кој можете да ги нанижете на стапчиња во различни комбинации е одлично летно решение за вашето мени, особено бидејќи така подготвен ги задржува сите важни хранливи материи и сочни сокови. Малку маслиново масло, малку сол и бибер, и летниот оброк е подготвен!

6.     Лубеница

Лубеницата е овошна кралица на летото. Ова слатко освежување е безопасно за килограмите. Чувајте ја во фрижидер, а можете да ја јадете само така или од неа да направите шербет. Половина од лубеницата е вода, но тоа не е единствената нејзина состојка. Содржи витамин А и Ц, кои се одлични борци против болестите.

 

7.     Течности

Нискокалоричните пијалаци се вашиот пријател во лето, кога дехидрираноста е честа закана. За време на високите температури ќе барате освежување во ладните напитоци, но подобро одберете вода или природни сокови, наместо газирани и други благи пијалаци.

8.     Салати

Помеѓу изобилството од зеленчук и овошје не е тешко да се биде креативен, комбинациите на разни салати се безбројни. Здравата и богата салата може да го замени и главниот оброк. Кажете не на сосовите, бидејќи така во салатата зачинета само со маслиново масло, оцет или лимонов сок, ќе додадете многу калории кои не ги сакате.

9.     Овошни десерти

Овошје на 100 начини. Совршено! Желбата за благо можете да ја победите со овошни порции кои сигурно ќе имаат помалку калории од торти и чоколада.

10.  Зелен чај

Една од најновите студии покажала дека луѓето кои редовно конзумирале зелен чај и вежбале, изгубиле многу повеќе килограми како и маснотии кои се таложат околу стомакот, од оние кои не пиеле зелен чај. Причина за тоа е природниот флавоноид катехин, состојка на зелениот чај што го забрзува метаболизмот и го зголемува процесот на топење на масното ткиво. За летните горештини се препорачива ладен зелен чај. Здраво, а освежувачки!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi