“Никој нема намера да изгради ѕид“, изјави Валтер Улбрихт, лидерот на источно германската владеачка социјалистичка партија на единството во Германија, на 15 јуни 1961 година. Малку подоцна, тоа лето, по полноќ на ден 13 август, берлинскиот ѕид почна да “никнува“ – така тајно што ниту еден историчар незнае каде точно е поставена првата тула од истиот. Германија беше обединета 29 години подоцна, а ѕидот стана симбол на изгубената историја.
Ова лето низ многу настани ќе се обележи 50 годишнината од неговото создавање. Иако настаните ќе бидат суптилни, тие треба да го претстават гледиштето кон германската историја, која неможе лесно да се заборави. Wolf Kühnelt директорот на културниот центар во Берлин, кажува дека луѓето се уште зборуваат за ѕидот, но не и за самата трагедија.
Во многуте делови на германската престолнина, само редовите од калдрма го обележуваат ѕидот кој некогаш постоел. Меѓутоа, од 15 до 31 август ќе бидат прикажани многбројни фотографии од архивите кои ќе го прикажат животот во поделениот град со поранешните граници. А од она што има останато од ѕидот eastsidegalleri ќе го претстави муралот кој е насликан од 118 меѓународни уметници од 1990 година.
По овој повод ќе се прикажуваат филмови, претстави, перформанси, концерти, изложби. Се очекува голем број на посетители за време на одбележувањето на годишницата од сите држави.