Нови очевидци посведочиле за убиството на Мартин Нешковски

11 јуни, 20110
protesti
И по една недела од убиството на Мартин Нешковски, очевидци продолжуваат да го пријавуваат случајот во полиција. Како за целата македонска јавност, така и за нив свирепото убиство претставувало огромен шок.
Некои порано, некои подоцна собраа храброст, со чисти мисли да раскажат во полиција што точно виделе. Како што велат самите, биле премногу растревожени од глетката која неколку дена им претставувала ноќен кошмар, а за некои сведочењето претставувало голем страв да не им биде загрозен животот.
Според најновите искази од полиција, дадени од страна на очевидци, едно служебо лице, вработено во државна институција бил директен сведок на убиството. Го гледал Игор Спасов како го тепа младиот Мартин Нешковски, но му пријдел откако Спасов се обидувал со вода да го освести 22 годишното момче. Откако увидел дека мочето не може да се освести, му помогнал на Спасов да го пренесат од клупата на плоштадот до паркингот кај МЕПСО.
Од МВР рекоа дека цивилното лице после два дена го пријавил случајот во полиција.
“Точно знаеме за кое лице станува збор. После два дена од убиството даде изјава во полиција и призна дека присуствувал на местото на настанот. Човекот е вработен во државна компанија но во интерес на истрагата неговиот идентитет ќе остане во тајност“, изјави за Нетпрес портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Од полицијата велат дека сите изјави дадени од страна на очевидци се поднесени до јавното обвинителство и истрагата е препуштена во рацете на истражниот судија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber