7 здравствени бенефити доколку редовно имате секс :) Опаааа :)

29 август, 20110
Have-sex-at-least-once-a-week

Веќе знаете дека сексот ги зближува партнерите и позитивно влијае на врската, но дали сте знаеле  дека може да го подобри и вашето здравје? Бројни студии покажале дека сексот  нуди широк спектар на здравствени придобивки, особено ако имате редовен секс.  Прочитајте за да дознаете како редовното практикување секс може да ви помогне да живеете поздрав, посреќен и подолг живот.

1.       Намалување на стресот

Сексот може да помогне во намалувањето на нивото на стрес, овозможувајќи ви да се чувствувате опуштено и смирено. Механизмот е следниов:  за време на секс или возбуда се покачува нивото на допамин во организмот што од своја страна носи чувство на задволство. Освен тоа се зголемува и нивото на пролактин веднаш после оргазмот и дава чувство на поспаност. Генерално овие хемиски и хормонални промени водат кон релаксирана и опуштена состојба на луѓето после секс. Според некои студии, ова не е само непосреден ефект – исто така може да ви овозможи да се избегне стресот на работа, дома и во другите области на животот.

2.       Подобрување на сонот

Покрај чуството на релаксација и ослободување од стресот многу луѓе сметаат дека се во состојба да заспијат побрзо и да имаат поквалитетен и поцврст сон после секс. Ова се должи на покачување на нивото на окситоцин и пролактин после оргазам и се чини дека кај мажите чуството на поспаност  е поизразено отколку кај жените.

3.       Олеснување на болка

По време на секс нивото на ендорфин драстично се покачува и делува како природен аналгетик.Затоа за многу луѓе сексот е одличен начин да се ослободат од главоболки, мигрена, артритис, болки во грбот, ПМС симптомите и други. Иако тоа е само привремено, сексот може да биде безбеден  и природен начин да се чувствувате подобро кога имате болка.

4.       Подобрување на имунолошкиот систем

Лица кои имаат редовно секс  обично покажуваат повисоки нивоа на имуноглобулин А, на антитела кои можат да спречат настинка, инфекции и други напади врз вашиот имунолошки систем. Затоа во некои случаи сексот може да биде одлична превенција за некои болести.

5.       Согорува калории

По време на сексот согорувате калории, за отприлика 30 минути согорувате околу 150 калории. Таа сума може да биде поголема или помала во зависност од тоа какви се вашите сексуални односи. Плус, ако имаш секс неколку пати неделно, овие бројки се зголемуваат.

6.        Подобрување на здравјето на срцето

Сесот ги забрзува срцевите отчукувања до 125 во минута. Тоа е еквивалентно на искачување скалила неколку ката. Бидејќи ја забрзува кардиваскуларната функција не и ни чудно зошто сексот се смета за полезен за здравјето на срцето. Ова може да се должи и на  ослободувањето на одредени хормони кои помагаат на циркулацијата и артериската дилатација. Имајте во предвид дека, сепак, ако имате проблеми со еректилната дисфункција, тоа може да биде знак на кардиоваскуларни проблеми, во кој случај сексот  може да биде повеќе штетен отколку полезен за твоето срце.  Доколку ова е случај со вас треба задолжително да побарате лекарска помош.

7.       Подолг живот

Неколку студии укажуваат на тоа дека хормоните што се ослободуваат по време на секс ни помагаат да живееме подолго, благодарение на фактот што тоа влијае да сме поздрави и го намалува стресот. Треба да се напомене дека кај мажите фактот што живеат подолго е поврзан со поактивниот сексуален живот. Само оние жени што се задоволни со својот сексуален живот живееат подолго од просекот определен за жените.

Но покрај тоа што сексот нуди многу здравствени придобивки не треба да заборавите дека е многу важно да се практикува безбеден секс. Сексот без заштита би можел да ви донесе повеќе штета отколку корист по однос на здравјето. Контактирајте лекар ако сакате да дознаете повеќе за практикување на безбеден секс, вклучувајќи ги и контрацепција и сексуално преносливите болести. Исто така, ако имате било кој тип на кардиоваскуларни проблеми, не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар за потенцијалните опасности од физичкото ангажирање по време на сексот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma