Брачен пар од Франција после еден час возење и поминати 70 километри сфатиле дека го заборавиле синот(8) во одморалиштето каде што престојувале. Брачниот пар кој живее во околината на Париз, бил на одмор во одморалиштето Герс. Подоцна тие одлучиле да се упатат кон Пиринеите. Луѓето кои исто така биле во одморалиштето го забележале момчето како седи само, но на почетокот не реагирале на тоа. Подоцна кога сфатиле дека детето е само, повикале полиција.
Наскоро, родителите приметиле дека им го нема синот, и во паника се упатиле кон одморалиштето. По детето морале да дојдат во полициската станица каде што дале изјава. Полицијата изјавила дека нема да поднесе пријава против родителите, пренесува 20 minutes.