7 жешки летни трендови

popara18 јули, 20111min00
4 boi

Пруги, бои, пердуви и останати женски, најважни споредни работи на светот. Секое лети носи своја привлечност. За да се движите според најновите трендови, еве неколку предлози кои ќе од вас ќе направат ИН девојка.

1.     Плетенка

На страна, висока, ниска, опуштена или затегната – оваа сезона плетенката е најголем хит. Со плетење на косата можете да постигнете секси, боемски и елегантен изглед, во зависност од тоа каков изглед сакате да постигнете.

2.     Пердуви

Малку пердуви не се на одмет. Неколку мали пердуви во различни бои, во облик на обетки или ланче, ќе ја надополнат секоја облека.

3.     Смели бои на усните

Одберете портокалова или интензивна нијанса на розова боја и секогаш имајте ја со себе. Штом ја нанесете, веднаш ќе се почувствувате пролетно и заводливо.

4.     Пруги

Се е некако пругасто низ град. Бидете и вие дел од црните, сините, црвените – сите видови на пруги, без разлика дали сте се одлучиле за фустан,блуза, панталони или марама.

5.     Платформа

Иако се на мода уште од минатата година, чевлите на платформа и оваа сезона се ИН. Пријатни се и прикладни за опуштен изглед, а сепак ви овозможуваат поглед од висина.

6.     Молив за очи

Враќање во минатото со исцртување на очите со молив. Ќе изгледате секси и свежо. Можете да си поиграте со боите, на плавите девојки им одговара темно сина боја, на бринетите нешто посветло сина, а на црвенокосите зелена боја.

7.     “Color Blocks“

Еден од најжешките трендови оваа сезона е Color Blocks – комбинирање на боите, било да се јаки, било неутрални. Можете да купите трендовски “обработен“ производ, како колекцијата на H&M, или пак сами да искомбинирате еднобојни парчиња како на пример зелени панталони, портокалова блуза и жолта чанта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag