8 Знаци дека му се допаѓате

popara12 август, 20111min00
600-00846293

Имате ли дилема  во врска со тоа дали му се допаѓате? Не ви е јасно што е тоа што говори дека му се допаѓате?  Еве некои упатства кои ќе ви помогнат да откриете.

1. Ви се приближува. Движејќи се кон вас зрачи со желба за поблизок поинтимен контакт. Затоа ако дечкото со кого разговарате на некоја забава или слично место, се приближува кон вас или седне на столот до вас, знајте дека сака да ве запознае подобро, не како пријател.

2. Зборувајте нежно. Кога дечкото збори со тивок глас, тоа е одличен знак. На тој начин ви дава до знаење дека тоа што ви го збори е само за вашите уши. Добро е ако ви зборува за некои приватни и тајни прашања, бидејќи мажите тоа не го прават со жени за кои не се заинтересирани. Доколку сакате да му дадете до знаење дека се чуствувате исто како и он, одговорете на начин што брзо таа искра ќе се претвори во оган. Ако сте во гласен бар или ресторан каде што морате да викате за да се слушнете, сигурно ништо нема да заклучите на висина на тонот. Затоа почекајте момент кога кога ќе се шетате или додека се возите накај дома како добро би слушнале дали ви зборува со потивок тон и нежен глас.

3. Јазикот на телото. Добро развиен говор на телото може да привлече жена од далечина. Но кога мажот разговара од близу со жената која му се допаѓа, тој ќе го ублажи говорот на телото.

4. Зборува полека. Како што птиците во игра на парење мажите зборуваат повеќе и понежно кога некој им се свиѓа. Се разбира, ако сте на првиот состанок па ви изгледа премногу чуден и нервозен, дајте му време. Доколку од неговиот говор ви се спие, се разбира не е тој за вас.

5. Често го изговара вашето име на во разговорот. Ако му се допаѓате често ќе го спомнува вашето име бидејќи на тој начин несвесно настојува да постигне повеќе личен контакт со вас. А доколку штотуку се имате запознаено, а тој почесто ви го спомнува името, тоа е значителен знак дека му се свиѓате бидејќи ретко ги памтиме имињата на штотуку запознаени луѓе.

6. Додека разговарате случално ве допре. Овие невини допири на рамото или раката не се случајни, иако можеби ни он не е свесен. Доколку ви е пријатно, дадете му на знаење така што ќе возврати на ист начин.

7. Рамнодушен е кон другите жени во близина. На пример, ако сте во просторија каде што се наоѓаат многу привлечни жени ( приватна забава, клуб, бар…) и тој на вас ви посветува највеќе внимание, тоа е голем знак дека му се допаѓате доколку во близина имате “добри примероци”.

8. Не може да го тргне погледот од вас. Неговите очи се залепени за вас и будно го пратат секој ваш најмал чекор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag