Не ја бркам младоста, туку едноставно сакам да сум здрав, се зборовите на човекот кој има 91 година, а е бодибилдер. “Мојот личен тренер и јас секогаш се расправаме за тоа на кои делови од телото треба повеќе да работам“. Она за што се согласуваат е дека човековото тело може да се ремоделира на било која годишна возраст доколку се вежба редовно и умерено. Charles Eugster, ја раскажал својата приказна за тоа како бил болежливо дете, како на 13 години му биле извадени крајниците и отогаш бил полн со енергија. Почнал да вежба бокс, рагби и веслање. Иако учел да стане стоматолог, спортот останал најважно хоби во неговиот живот. Како што стареел у влегол во 40тите години од својот живот сватил дека посвоил голем дел од животниот стил на жена му. “Поминувавме многу време не правејќи ништо“, изјавил Чарлс. Наеднаш почнал да му расте крвниот притисок, имал испукани вени и тоа било првото соочување со стареењето кое не му се допаднало на Чарлс. Веднаш започнал да вежба за да се врати во форма. Втората криза ја доживеал на 85 години, кога во огледало видел стар човек, со прекумерна тежина, држењето на телото му било лошо и му висела кожа од секаде. “Изгледав како руина“, изјавил Чарлс. Но, потоа па до сега на 91 годишна возраст тој постојано вежба.