Познатите рокери можеби никогаш нема да ги натераат потрошувачите да пијат фино вино, но сепак минатата недела тие своето име го ставија на шишињата на пијалокот од боговите.
Австралискиот бенд влезе во партнерство со компанија од Нов Јужен Велс, каде е и нејзиното седиште Warburn Estatе, за да се произведуваат четри сорти флаширано вино, а да бидат именувани според некои од најголемите хитови на овој бенд: AC/DC “Back in Black”, “You Shook Me All Night Long”, “Highway to Hell” и “Hells Bells”.
Но тие не се првите рокери кои лансирале вино, тоа веќе го направија KISS, Motorhead, Whitesnake и Warrant.