Acer го откри својот нов паметен Android телфон, тој го нуди со дисплеј со најголема резолуција и за кој се претпоставува дека ќе биде главен конкурент на пазарот на новата генерација мобилни телефони. Новиот телефон сеуште нема официјално име, информациите за него се појавија минатата недела, но со изјавите за неговите перформанси сега се гледа каков “ѕвер” всушност е тој. Новиот Acer телефон се напојува со 1 GHz CPU и може да слика фотографии со 8 мегапиксели и 720 пиксели видео. Листата продолжува со 3,0 Bluetooth, Wi-Fi 802.11 b / g / n, 14,4 Mbps HSDPA поддршка и HDMI порт. Последните познати спецификации вклучуваат шест-оскен gyroscope + акцелерометар, LED блиц и 2 мегапикселна камера на предната страна.