
Рок составот Аеросмит соопшти дека на почетокот на јули влегуваат во студио и почнуваат со подготовките за новиот албум.
Сите членови на групата ќе влезат во студио и ќе соработуваат со продуцентот Џек Даглас, изјавил гитаристот на групата Џо Пери.
Припремата за 15-от по ред студиски албум беше неколку пати одложувана поради здравствени проблеми на членовите на групата, и гласините дека Стивен Тајлер го напуштил составот. Во меѓувреме тој беше член на жирито на Американски идол, но сега сите се на број и почнуваат со снимање.