Кристина Агилера во рок од десет дена по втор пат се посрамоти пред многубројната публика. Пред само неколку дена таа се посрамоти, кога ја пееше американската химна и ги измеша зборовите, и сега повторно остави простор во јавноста да се зборува лошо за неа. На синоќешното доделување на Греми, таа ја загуби рамнотежата и за малку не падна на сцената. При крајот на својата изведба таа едвај се задржа за сталакот на микрофонот, и успеа да се задржи и да не падне.
http://www.youtube.com/watch?v=C9KPjTM7t_4&feature=player_embedded