Новата рекордерка со најмногу прсти на екстремитетите
14 февруари, 20110
![812176_lei-jadi-min-26-prstu](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/02/812176_lei-jadi-min-26-prstu-610x269.jpg)
Едногодишната Леи Јади Мин од Јангон е новата рекордерка која има најмногу прсти на своите екстремитети. Девојчето има 26 прсти, по шест на секоја рака и седум на секое стапало. Со тоа Леи ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Нејзината мајка не е воопшто загрижена што тоа е така, таа изјавила дека нема зашто да се грижи бидејќи нејзината ќерка нема недостаток, туку има одвишок. Претходно рекордот го држеле индијките, Пранмаја и Девендра кои имале 12 прсти на рацете и 13 на нозете.