Агуеро: Меси постојано ме прашува каде ќе играм

12 јуни, 20110
Olimpiadi Pechino 2008 - Beijing 2008 Olympic games

Аргентинскиот напаѓач, Кун Агуеро изјави дека Меси често го прашувал за кој клуб ќе потпише ова лето. Агуеро никогаш не му дал конкретен одговор. “Лео постојано ме прашува каде ќе заминам. Мене сигурно прво ќе ми кажеш? – Секогаш му одговарам дека моментално не знам ништо и дека ќе му кажам кога ќе бидам сигурен” изјави Кун. “За мене Меси е најдобриот играч на светот и секогаш ќе биде. Тоа што играм со него во Аргентина ме прави многу среќен. Иако сме ривали во Примера, ние сме добри пријатели и имаме фантастичен однос” заклучи Агуеро, кој е во Аргентина каде со својата репрезентација се подготвува за претстојната Копа Америка.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma