Ахмадинеџад го повика НАТО да се повлече од Персискиот залив

popara24 септември, 20111min00
5b7a7772-9c26-4f5f-b663-34f3702ed6a8

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во Њујорк го повика НАТО да ги повлече своите воени сили од Персискиот Залив, оценувајќи дека тие претставуваат закана за безбедноста во регионот.

Ахмадинеџад одговорил на прашањето за можен за конфликт во Персискиот залив кое му било поставено на прес-конференцијата за новинарите што се одржала за време на Генералното собрание на ОН.

“Добредојдена е секоја мерка што ќе спречи потенцијален конфликт. Но мислам дека не треба баш поради тоа да дојде до некој конфликт”, изјавил иранскиот претседател, додавајќи дека најдобро решение во моментов е заминување на странските воени сили од Заливот.

САД и Европската унија изминативе години го засилиле своето присуство во Заливот. САД има база во Бахреин, а Франција во Абу Даби, на околу 250 километри од иранскиот брег.

“Земјите во регионот можат сами да си ја осигураат својата безбедност”, изјавил Ахмадинеџад, додавајќи дека Иран ќе ја надгледува безбедноста во регионот кога ќе заминат силите на НАТО.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag