Дру Баримур во трогателен филм за загрозените китови!

„Universal Pictures“ направи премиера на првиот трејлер за филмот „Big Miracle“ во кој главната улога ќе ја има Чарлиевиот ангел, Дру Баримур. Видеото ни дава да поглнеме како 36-годишната актерка се бори за да спаси еден вид на истребени китови на Аљаска.
Во делови од филмот, актерката си игра со морските животни, ги допира и нурка со нив. Таа е и лидер на една кампања за заштита на животните, а слоганот гласи: Понекогаш китовите се малку ранливи и им треба нашата помош“.
Овој филм е инспириран од една вистинска приказна која се случила во текот на Студената војна. Централното дејство е околу една волонтерка на „Greenpeace“ и еден репортер кои здружуваат сили со американската и советската влада, а целта им е да спасат едно семејство прекрасни сиви китови кои се заглавени во мраз кој брзо се развива на Арктикот.
Дру ја игра волонтерката, а Џон Красински е репортерот. Филмот треба да пристигне во светските кина на 3-ти Февруари 2012 година.
Еве го и трејлерот: