Ај што “варате, ама што се правите луди…Која е најлошата страна на неверствата?

31 јули, 20110
neverstva

Се чини дека денеска сите знаат за животот на познатите, па така и за разводите, кои се се  почести. Читајќи за раскинувањата, прекините, мамењето, лагите и грешките кој некој ги направил несвесно учиме од нив, но каде не води тоа?

Во Америка дури 55% од жените и 65% од мажите признале дека имале вонбрачна афера макар и за една ноќ, а дури 90% се изјасниле дека неверството во брак или врска е неморлано. Психологот и експертот за врски Lisa Firestone, тврди дека затоа секој пар на почетокот на врската треба да си постави правила, а во случај на неверство искрено да се одговори или каже, па потоа да се одлучи за следен чекор. Искреноста ја смета за најважно нешто во врската, бидејќи со малите лаги се почнува.

“Малите лаги и измислувања се најлоша страна на неверството, бидејќи го уништуваат животот на другата личност која живее во незнаење и не е свесна дека живтот и се менува“, објаснила докторката. Таа додала, дека на изневерениот партнер на крајот најтешко е погоден од тоа дека се му се случувало пред нос.

Иако неможеме да ја контроилираме привлечноста, ниту пак чуството дека се заљубуваме во некоја друга личност, секако можеме да контролираме како да реагираме на тие чуства и што ќе преземеме во врска со нив. Останува да ја преземеме одговорноста за своето однесување и пред се да бидеме искрени кон партнерот.

Експертот за врски Lisa Firestone вели дека се може да се избегне ако партнерите веруваат еден во друг до толку што ќе признаат дека запознале некоја личност која ги заинтригирала на било кој начин. Така поврзаноста и довербата се многу поцврсти и помали се шансите дека ќе се впуштите во вонбрачна врска.

Ако сте на работ да започнете афера, негирањето дека нема да ја повредите другата страна или дека таа нема да дознае, ви помага повеќе да продолжите со неморалнот однесување. Ако пак признаете дека нешто не е во ред, дека сакате промена и дека е време за прекин, поделете го тоа со партнерот, најтешко е да, но само тоа е правилен начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *