Ако чувствуваш мачнина во бременоста ќе родиш генијалец

25 јули, 20110
01 v212659p0

Мајките кои чувствуваат мачнина во текот на бременоста раѓаат поинтелегентни деца во однос на трудниците без мачнина, утврдиле стручњаците од детската болница во Торонто

Водечкиот педијатар на болницата и раководител на истражувањето Др.Гидеон Корен кажува дека што поинтензивна е оваа појава тоа резултатите се подобри, односно детето е поинтелегентно. Тие сметаат дека јачината на мачнината индиректно укажува на брзиот развој на мозочните структури.

Со ова истражување опфатени се 121 трудница, кои биле распоредени во три групи. Во една група биле трудниците без мачнини во текот на бременоста, во втората со мачнина, но не земале лекови за нејзино ублажување или спречување, додека во третата група биле трудниците кои земале лекови за ублажување на симптомите на мачнина.

На крајот излегло дека децата на мајките кои имале мачнина, а не земале лекови, покажале подобри резултати на тестирањето на интелегенција, пишува „Новости“.

Децата на мајките од другите две групи покажувале слични резултати. Тестирањето извршено меѓу третата и седмата година покажало дека децата на мајките кои имале мачнина се поздрави кога се во прашање срцеви болести и болести на крвните садови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit