popara1 август, 20111min00
AthensAcropolisDawnAdj06028

Престолнина на европската култура

Кога ќе се спомене стара Грција, веднаш ве асоцира на Атина, на Акрополот со неговите познати храмови, на совршениот склад на убавината и беспрекорноста, на “симбол на вистинскиот хуманизам“, на центарот на класичниот свет.

Според преданијата, Athena и Poseidon некогаш се спореле околу превласта над градот Атина. Poseidon ја докажувал својата сила удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после тоа од истото место започнало  да извира вода. Божицата Athena, после тоа, на голата карпа засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Poseidon, признал дека бил победен, а светото маслиново дрво на божицата Athena го бранела Акрополот од сите надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината карпа од вар, која се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина била наречена Акрополис – овој назив значи “Горен град“ и многу често бил користен за ископувања и за истражување на стара Грција – уште од неолитско време, пред 4000 години, се смета дека бил создаден. Првата утврдена палата, била изградена во времето на микенската цивилизација. Остатоците на ѕидините од тоа време, околу 1200 години пред нашата ера, останале зачувани. Грците во шестиот век пред нашата ера, меѓу останатото, изградиле и еден храм посветен на божицата Athena, монументална влезна врата и светилиште на богот Nike. На сите овие градби, не им било судено да опстанат долго време. Персијците во периодот од 480-479 година, ги срамниле со земја. Temistokle и Kimon наредиле да се израмнат само рововите и повторно да се изградат. Како материјал ги користеле остатоците од старите храмови. Подоцна ископувањето овозможило да се здобијат со драгоцени податоци за изгледот на првите грчки градби на Акропол. Меѓу останатото, биле пронајдени склуптури од старите храмови обоени во јаки бои. Војсководецот и диктаторот Perikles, од 461 година пред нашата ера, владеел со Атина и наредил на ридот Акропол да се изградат градбите на чии што остатоци и ден денешен се воодушевуваме. Во 448 година, била основана комисија на градители, меѓу кои биле истаканати вајари – меѓу нив и Fidij – архитекти и сликари. Сојузната благајна била против повторното градење, бидејќи биле потребни огромни количини на парични средства за реализација на овој проект.

Пертенон, бил главниот храм во Атина и првиот што бил изграден. Нацртите ги направил Iktin, a Kalikrat го презел приматот во градењето. На  огромната камена површина од три скалила, чија што основна површина на горниот бочен дел изнесувал 70 х 30 метри, се издигнувале 46 столбови високи преку 10 метри, со дорски стил. На столбовите биле извајани ликови и склуптури и се вбројувале меѓу најголемите вајарски работи. Во средината на храмот била поставена статуа на богињата Athena висока 13 метри, инаку дело на Fidij и била обложена со злато и слонова коска.

Во петтиот век Партенон се претворил во христијански храм. Турците во 1456 година овој храм го претвориле во џамија и изградиле минаре. Кога венецијанците предводени од грофот Kenigsmark ги опколиле и целото население се засолнило Партенон; се надевале дека непријателот нема да се осуди да го нападне храмот. Но, тоа сепак се случило. “Еден полковник се осуди да фрли бомба во хармот“, стои во еден од најдените историски записи. Експлозијата го разрушила поголемиот дел од храмот. Голем број на акции биле преземени за реставрирање на храмот, а најважната акција била преземена од страна на Leo Klenc во 1834 година, по налог на Ludwig I од Баварија.

Втората градба од времето на Perikles бил храмот Атена Нике. Овој мал храм во јонски стил бил повторно изграден од страна на Kalikrat. Површината на храмот била 5 х 8 m со 4 m високи столбови и 45 cm високи ѕидови на кои имале голем број на познати ликови. За време на турцизмот, овој храм бил проширен, од камен блковите била изградена кула. Германскиот археолог Ross ја срушил оваа кула во периодот 1835-36 година и повторно го изградил храмот.

На храмот се работело повеќе од 16 години, бидејќи во меѓувреме било одлучено најпрво да се изгради главниот влез на акрополот т.н. Пропилеј. За овие работи бил назначен Mnesikles.

Тој го нацртал главниот влез на акрополот со дванаесет надворешни дорски столбови. На двете страни на влезот требало да се издигне четвороаголни столбови кои никогаш не биле довршени. На левото крило на Пропилеј била направена првата галерија на слики.

Четврта голема градба на тој простор односно на западниот дел од Партенон бил изграден уште еден храм, наречен Ерехтеон. Овој храм исто така бил изграден од страна на Mnesikles. Но, само што се започнало со изградбата во 431 година пред нашата ера, започнала триесет годиншната Пелопонејската војна меѓу Атина и Спарта, поради што изградбата била запрена. Во 429 година Perikles починал, а дури во 404 година Атина морала да се предаде и да се согласи на склучување на понижувачкиот мировен договор. Економската моќ на метрополата била исцрпена. Сепак, ја искористиле победата на атинската поморска флота над спртанската и го довршиле храмот Ерехтеон во период од две години. Делото на Mnesikles било довршено од страна на Filokles – градба со неправилен нацрт, украсен со столбови во јонски стил. И, овој храм потекнува од Perikles, а неговите противници го критикувале дека го украсува градот како “некоја дама“. За нас, времето на Perikles претставува еден од сјајните историски периоди во општеството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag