Вооружени исламисти поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда под опсада го држат градот Зинџибар во јужен Јемен, а во борбите загинале најмалку шест војници.
“Околу 300 исламисти и припадници на Ал Каеда вчера влегоа во градот и го заземаа“, рекол жител на градот, пренесува “Ројтерс“.
Во оваа област борбите меѓу исламистите и владините сили траат од петокот, а вкупно загинаа 18 лица, пренесуваат светските агенции.
Градот Зинџибар е главен град на провинцијата Абиџан.
Јемен го тресат протести во кои се бара заминување од власт на претседателот Али Абдула Салех по 33 години владеење.
Али Абдула Салех и највлијателниот племенски лидер во земјата, шеикот Садек ал Ахмар вчера се договорија да ги окончаат градските борби, во кои во изминатите денови загинале 124 луѓе и кои претставуваа закана Јемен да потоне во граѓанска војна.
Извор: Нетпрес