Албена

23 јуни, 20110
naslovna

Албена претставува голем резорт на Црното море во североисточна Бугарија, лоциран на 12км од Балчик и 30км од Варна. Овој резорт го користи интернационалниот аеродром на Варна.

Албена е една од наменски изградените резорти распространет на крајбрежјето на Бугарското Црно море и е изградена во униформиран и уникатен архитектонски стил. Најголемиот број на хотели се лоцирани на самата плажа, максимално изложени на сонце истовремено овозможувајќи директен пристап до плажата и морето. Албена е лоцирана близу до останатите туристички, културни и трговски центри ,но сепак се карактеризира со доброзачувана природна околина. Иако е изградена во 1960-та година, сега таа претставува мал резортски град кој поседува свој центар, улици, плоштади дури и свој интерен јавен превоз – специјално креирани мали „возови„ кои циркулираат според возен ред, правејќи тури во самиот резорт.

Она што го прави овој резорт посебен, се всушност самата плажа која е долга 5км, широка 150м и има извонредно чист песок, како и морската вода која е вообичаено кристално чиста, мирна и топла. Морската длабочина не надминува 1,6 метри на растојание од 100-150 метри од плажата. Посетителите имаат можност да бираат еден од 43-те модерни хотели (2-4 ѕвезди) кои нудат повеќе од 20000 кревети и комфор. Најголемиот број на хотели имаат свои сопствени базени.

Сите соби имаат поглед на море или кон Baltata National Reserve  кој претставува ретка комбинација на густа влажна шума и морски брег.

Специфичната морска клима е блага и пријатна,со чист воздух и оптимална влажност на воздухот од 63-65%. Туристичката сезона започнува во Мај и трае до Октомври, во кое време всушност користењето на водата и плажата се загарантирани. Дополнително, овој резорт нуди сместување во текот на целата година за оние кои се љубители на најголемите спа и велнес центри лоцирани на Бугараското приморје. Тие користат ексклузивно, локална минерална вода – хипотермичка со температура од 30 °С, благо минерализирана која содржи хидрокарбонат богат со калциум и магнезиум.

Самиот резорт на посетителите им нуди  разновидни спортски и рекреативни активности вклучувајќи фодбалски и тениски терени, стадион, терени за голф, куглање, скијање на вода, хиподром и уште повеќе. Албена е често домаќин на многу културни збиднувања и конференции.

Резортот е именуван по женски карактер од бајка напишана од страна на познатиот Бугарски автор Јордан Јовков. Албена е Бугарско женско име.

Албена Пенинсула на Брабансткиот остров на Антарктикот е именуван по Албена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi