
Актерот Тоби Мегваер заедно со други познати личности учествувал во “опасни” играчки на забави во ексклузивни хотели. Поранешниот Спајдермен во една од тие партии на покер добил 300.000 долари од Бред Радермен, кој своевремено проневери 25 милиони долари од своите инвеститори.
Оштетените сега бараат од Мегваер да ги врати заработените пари, бидејќи Бред се коцкал со туѓи пари. Во овие ексклузивни партии покер освен Тоби Мегваер учествувале и Леонардо ДиКаприо, Бен Афлек, Мет Дејмон и други.