НОВАТА воена техника на Александар
338 година п.н.е. Филип и Aлексндар со својата војска марширале накај Термобили , каде се судриле со еден гарнизон на Теба и тргнале да ја окупираат Елатиа. Во меѓувреме , Атина под водство на Демостен изгласале да се сојузат против Филип. Атина испратила емисари и побарале од Tеба да се здружат и да станат сојузници. Филип поддржан од ”Светата лега” марширал на Амписа, ги блокирал платениците пратени од Демостен и го прифатил предавањето на градот. Потоа тој се повлекол од Елатеа и понудил мир со Теба и Атина, но неговата понуда била одбиена. која понуда била одбиена. Филип со 30.000 пешадијци и 3.000 коњаници ги пречекал на Херонеја – Беотија. Здружените Тебано-атински сили броеле околу 30.000 војници. После долгиот судир со нив, Филип наредил десната страна да се повлече , каде биле атињаните, и така се отворила празнина во средината од каде коњаницата под водство на Александар ги нападнал Тебанците – тебанската света чeта, нивната најелитна војска. Ги нападнал и Атињаните од зад грб, а во нападот му се придружил и Филип.
После една силна борба Александар успеал да ја уништи целосно светата тебанска чета. 254 тебански воjници биле убиени. Другите заробени тебански војници биле продадени како робови , со тие пари Филип поставил воена база во Теба. Од Теба, Филип отишол во Атина и им ги предал заробените Атински воjници. За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина . Потоа марширал во Kоринт каде ја формирал Kоринтската Лега, која требало да ги служи македоснките владетели. Филип бил избран за доживотен водач на идните македонски владетели . Се довориле дека ќе ја поддржат Македонија во војната со Персија. По враќањето во Пела , Македонија, Филип се заљбил во една млада благородничка со име Клопатра Евридика , која била внука на еден од неговите генерали Атал. Тогаш позицијата на Александар се довела до неизвеснот , како единствен наследник на Филип, постоела можност тој да ја изгуби таа позиција.
Во 336.г.п.н.е. на дваесетгодишна возраст Александар станува владетел на Македонија.
Александар го започнал своето владеење со убивање на својт роднина Аминта IV , потоа убил и двајца принцови од Линкестис, додека третиот бил поштеден. Олимпија ја убила Клеопатра Евридика со нејзининото новороденче од Филип , којa наредила да ги запалaт живи. Кога Александар дознал за тоа, бил многу лут на неговата мајка. Hаредил да биде убиен и Атал, кој во тоа време бил во македонската извидницата во Мала Азија, а ce допишувал со Демостен за ситуацијата во Атина.
На веста за убиството на Филип Македонски веднаш се побуниле Тесалија, Теба, Атина и на север Траките. Александар одговорил брзо. Со 3000 коњаници ја опколил Тесалија. Тој бил зад Олимп и преминот Оса. Така Тесалците се предале и тесалската коњаница се придружила на страната на Александар.
Александар продолжил надолу накај Пелппонез. Застанал на Термобили, каде бил избран како водач на Светата Лега. Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. Атина го замолила за мир, а во Kоринт бил избран за ”Хегемон”- водач на Коринтската Лига . Кога бил во Kоринт добил вести дека Тракискиот бунт се раширил.
335 година п.н.е. Александар ја нападнал Тракија за да се справи со бунтот, кој бил воден од Илирите и Трибалите. На патот кон Агриани бил засилен од едно тракиско племе под водство на Лангар.
Потоа се упатиле кон Дунав. Таму се судриле со племето Гетае. Со сплавови, 4.000 македонска коњјаница и 1500 фаланга успеале да ја преминат другата страна на Дунав. На изненадување на македонците ,14.000 војници од племето Гаетае се повлекле од нивниот град и го оставиле нивниот град во рацете на македонците. Во тој момент дошла вест од Клито дека, Илирите и нивниот крал Глауки се дигнале на бунт против македонците. Александар и македонците ги притиснале Илирите во една тврдина во Пелум. Наредниот ден Глауки дошол на помош на тврдината. Филота еден македонски генерал и пријател на Алксандар бил блокиран во Тауланти . Александар веднаш тргнал да му помогне на својот пријател и успеал да го уплаши Глауки кој го напаѓал Филота. Александар бил блокиран од илирите и таулантитe. Теренот бил многу нерамен. После извидницата на Пелиум, Александар се повлекол тактички, нo истата ноќ го нападнал градот и го запалил. Клеит и Глауки побегнале со својата војска.
Додека Александар водел победувачка војна дошле вести од Теба и Атина дека пак се дигнале на бунт.
Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово.
УНИШТУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ДРЖАВА ТЕБА
Александар само за две недели поминал 1000 километри со македонската фаланга. Кога чуле за оваа брзина aтињаните и другите градови држави се предомислиле и не дошле на помош на Теба која истата сметала на нивната помош .
Генерал Пердика ја нападнал главната порта на градот, Александар со остатокот на македонската фаланга влегле во градот , македонците го запалиле градот срамнувајќи го со земја , не поштедувајќи никого. Убиле 6.000 тебанци а 30.000 продале како робови. Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотски градови. Тебанците биле продадени како робови, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени.
После големите подготовки го оставил генералот Антипатaр со 13,500 војска да ги надгледува градовите држава ,илирите , траките и се упатил кон Хелиспонт – Дарданелите.
ПPИЧИНА ЗА BОЈНАТА СО ПЕРСИЈА
Многу е важно да се напомене дека причината за војната со Персија е претходната пресиска окупација, која долги години траела а во тоа време Македонија била пустошена.
Падот на Персија
Кога стапнал на азиска територија Aлександар го забодел своето копје и извикал :
” КАКО ШТО ИМА ЕДНО СОНЦЕ НА ЗЕМЈАТА ЌЕ ИМА И ЕДЕН ВЛАДЕТЕЛ ”
Армијата на Александар ги миналe Дарданелите со околу 42000 војници од кој 25 000 македонци , 7000 илири и траки. Oстатокот микс од 5 – 7 000 војници од Коринтската Лига и платеници, кои не биле ништо друго освен воени заложници и не одиграле никаква главна воена улога во македонскиот поход против Персија .
Заменик на Александар бил Парменио, други по важнни команднти биле : Пердика, Kратер, Kоен Мелеагер,Антигон,и синот на Пармениo , Филота.
БИТКАТА НА РЕКАТА ГРАНИК
Во мај, 334 п.н.е била првата голема победа на Александар Македонски против Персиската империја.
Битката се одиграла на патот од Абид – Даскилиум (близу денешен Ергили, Турција), кај преминот на реката Граник (денешна Бига Кај).
Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар почнал да напаѓа со своите коњаници во класичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар и неговите телохранители, иако Александар бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник. Пред да го зададе вториот и смртоносен удар, благородникот бил убиен од македонскиот офицер Клит. Александар набргу се освестил. Од 20.000 јонци од Мало Азија – сонародници на атињаните преживеале само 2000 кои биле пратени во Македонија како робови.
Битката кај реката Граник им покажала на Персијците дека македонската војска е сериозна суперсила. Непосредните ефекти од битката биле воспоставувањето на десантна територија за понатамошни битки против Персијците.
По почетната победа против Персиските сили во битката кај Граник, Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис, и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас (денес Бодрум во Турција) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници – платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес – Персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна Анталија-Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа, и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град.
Во античкиот град Гордиум, Александар го одврзал дотогаш нерешливиот Гордиев јазол, загатка која според легендите била решлива само од идниот „крал на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.
Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната Персиска војска под команда на Дариј 3. во битката кај Ис. Потоа следеле уште многу напади кои завршиле успешно за Александар.
Во меѓу време Александар се вљубил и се оженил со бактриската принцеза Роксана. Со неа тој го добил првиот син во 327 г.п.н.е.
Потоа следеле уште многу битки. Битката кај реката Хидасп се одиграла 326 п.н.е помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор (санскрит: Пурурава) крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб. Кралството на Пор се протегало во делот од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан. Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски. Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.
Храброста и воените вештини на Пор го импресионирале Александар. Покрај тоа што Пор бил поразен, Александар му го поштедил животот и го поставил за повторен владетел на Хидасп во негово име. Ова била најдалечната точка каде што Александар стигнал заради одбивањето на неговата војска да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и заради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка. Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога. Тука фалангата за прв пат се соочила со јуриш на слонови и чудо е што воопшто успеала да ги одбие заради огромниот психолошки ефект што тие го имале врз војниците.
Иако Александар успеал да ја освои само северозападна Индија, неговиот поход извршил големо влијание. Со тоа што ги победил опасните локални властелини во Хиндукуш и соседните региони, тој го подготвил теренот за идната Маурска империја, втората империја која успеала да ја освои цела Индија.
По походот во Индија
Патувајќи за Суса, Александар открил дека многу од неговите воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример. Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците, и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. Но, војската не ги разбрала неговите намери и се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени Персиски обичаи, како и воведувањето на Персиски офицери и војници во војската.
Смртта на Александар
Најверојатно ние никогаш нема да ја дознаеме вистинската причина за мисериозната смрт на Александар. Александар Велики, македонскиот крал и голем освојувач, почина на возраст од 33 години на 10 јуни, 323п.н.е. Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде македонци, вавилонци, индијци и персијци работеле и учеле од феникијците, највештите бродоградители во древниот свет. После една од прославите во чест на пуштањето во работа на нивната нова база, Александар добил треска, по вечерта на која обилно се пиело. Александар умрел без да назначи наследник.
Поделба на империјата
По неговата смрт државата се распаѓа на три дела: династијата Птолемаидите ја превземал Египет, Антигонидите – Македонија , а Селевкидите – Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу европски, азиски и афрички народи.