За една минута со јазик изгасил 70 цигари

26 мај, 20110
r-HUMAN-ASHTRAY-large570

Њујорчанецот, Сем Ричи(55), или човекот пепелник како што го нарекуваат, со својата уста изгасил рекорден број на цигари за да им покаже на децата за штетноста цигарите.
Во рок од 60 секунди тој со својот јазик успеал да изгасне 70 цигари, и да постави нов светски рекорд. Тој се борел за здив додека во својата уста ставал по 5 парчиња запалени цигари во исто време.
Околу него во Washington Square Park биле насобрани голем број на луѓе, некои зачудено го гледале други му помагале да ги запали цигарите кои ги гасел со својот јазик.

“Пораката на децата е поважна од моето здравје. Пушењето е одвратна навика , изјавил Ричи.
По истекот на една минута, неговиот јазик бил црн и полн со лузни. “Се чувствував страшно. Мојот јазик е целосно изгорен и ме убива од болка “, изјавил Ричи.. Следните неколку дена тој ќе мора да се јаде само течна храна поради повредите, а зачинета храна нема да смее да јаде подолго време.
Сем Ричи е пушач, тој се откажал од пушење само неколку месеци во 2009 година, но им се вратил на цигарите во периодот кога неговата сестра била тешко болна. “Тоа беше само изговор за повторно да пушам, факт е дека јас сум всушност зависник “, признал Ричи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi