Хамит Алтинтоп и официјално стана член на Реал Мадрид. Довчерашниот играч на Баерн Минхен како слободен играч дојде во “кралскиот клуб”, со кого денеска потпиша договор на четири години.
29-годишниот Алтинтоп, по Турчинот Сахин кој дојде од Борусија Дортмунд, е второто засилување за Реал во пресрет на следната сезона.