Земјотрес во Турција, едно лице загинало, 79 повредени

20 мај, 20110
turkey3
Најмалку едно лице загинало, а 79 се повредени во силен земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтеровата скала кој го погоди северозападниот дел на Турција. Епицентарот бил во градот Симава во покраината Кутахиа, на околу 310 километри од Анкара.
Срушени биле неколку згради, а еден човек во паника скокнал низ прозорецот и загинал на самото место. Постара жена починала од срцев удар. Поголем број од хоспитализираните се здобиле со повреди од скршени стакла и при скокање низ прозорец, со цел да се спасат од разорниот земјотрес.
Поголемиот дел од градот Симава, во кој живеат околу 100 илјади жители, останал без струја и телефонска мрежа.
“Потресот беше толку силен што првите неколку секунди не можевме да се помрднеме“, рекол жител на градот погоден од земјотресот.
По силниот земјотрес кој се почувствувал дури до градот Измир на Егејското море, па и во Истанбул, следеле неколку помали земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 4,6 степени по Рихтер.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi