Амеба човекојадец…и амебите полудеа :))

18 август, 20110
ameba

Мајами – Еден вида опасна амеба која е распространета во топлите слатки води во текот на летото е причина за смртта на една 16-годишна девојка од Флорида, потврдуваат американските центри за контрола и превенција на болести (CDC).

Девојката починала после десет дена откако на 3-ти август со братот и со четворица пријатели се капела во реката Сент Џонс во источна Флорида, известува Ројтерс.

Амебата чиј латински назив е „neglerija fauler“ е едноќелиен, микроскопски ситен организам кој може да се најде во езера, реки, топли извори, а понекогаш и во запуштени базени.

Амебата најчесто влегува во носот на пливачот и го напаѓа мозокот, предизвикувајќи стопостотна смртна инфекција. Од 118 лица во САД, кои од 1962 година па сè до ден-денес се инфицирале од речната амеба, преживеало само едно лице.

Најмногу вакви случаи се забележани во Тексас и во Флорида, а просечната возраст на жртвите е 12 години. Експертите веруваат дека помладите лица се поподложни на инфекција од оваа амеба затоа што почесто се во вода, нуркаат до дното и стојат под вода многу подолго од возрасните. Тоа е причината зошто водата, а заедно со неа и амебата полесно им влегува во носот.

Амебите се размножуваат кога температурата на водата ќе достигне 26 степени целзиусови, но преживуваат и на пониски температури.

Во лабораториски услови, лекарствата против габи функционираат и кај овој вид амеби, но инфекцијата кај луѓето не е така едноставна да се дијагностицира за да потоа лечењето биде брзо и ефикасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *