Америка и Русија ќе се спојат под вода! Тунел од САД до Русија за 60 милијарди долари

22 август, 20110
3

Тунел долг 105 километри се очекува наскоро да ги поврзе САД и Русија. Планот за изградба на подводниот тунел во вредност од 60 милијарди долари кој ќе поминува под Беринговиот теснец бил поддржан од страна на некои високи функционери на претседателот Дмитриј Медведев. Тоа би значело дека еден ден ќе бидеме во можност да седнеме во воз во Њујорк, и возејќи се низ светот да стигнеме во Лондон, а во исто време да уживаме во убавата глетка на шумите низ Канада, Руската тундра и европските низини. Идејата за изградба на ваков тунел постоела повеќе од еден век. Рускиот цар Николај Втори двапати го одобрувал овој план за сличен тунел, но до негова реализација не дошло поради Првата светска војна и Руската револуција.

Поддржувачите на оваа идеја веруваат дека со ваков тунел, превозот ќе биде побрз, поевтин и посигурен низ целиот свет за разлика од товарните бродови. Тунелот би можел да преземе околу три проценти од глобалниот товар и да направи приход од седум милијарди долари годишно. За оваа идеја се размислувало во Москва и во 2007-та година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi