Пејачот Фреди Меркјури во 1980 година јавно ја призна својата хомосексуалност. Неговиот пример денес го следат многу познати личности. По повод месец на хомосексуалците, американците си одбраа најдобри 5 популарни гејови.
1. Елен Дегенерес и Портиа Де Роси. Познатата телевизиска водителка и нејзината сопруга, актерката Портиа се на првото место.
2. Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид. Тие беа во врска 13 години, а пред извесен период станаа и родители.
3. Нели Патрик Харис. Актерот кој се прослави со улогата на “женкар “ во серијата “Како ја запознав вашата мајка”, всушност во приватниот живот и не го привлекуваат толку многу жените.
4. Синтија Никстон. Иако во серијата “Сексот и градот”, Миранда е мажена и има дете, во приватниот живот таа не се двои од својата девојка.
5. Чаз Боно. Некогашната ќерка на пејачката Шер, а денес син, Чаз Боно со промена на сексуалноста и сексуалната ориентација со години водеше војна. Откако сфати дека мажот е заробен во неговото женско тело, се реши да признае на целата јавност.