Готовина му подготвува шкампи и тестенини на Младиќ

14 јуни, 20110
Ante Gotovina
Адвокатот на Ратко Младиќ Милош Шалиќ рекол дека хрватскиот генерал е одличен готвач и дека сите во затворот ги обожаваат неговите специјалитети. Анте Готовина посебно ужива во подготвување на шкампи и шпагети за себе и за своите затворски колеги.
Уште минатата недела воениот злосторник Ратко Младиќ бил префрлен во блок на третиот кат од хашкиот затвор. Таму исто така се сместени и хрватскиот генерал Анте Готовина и Веселин Шљивановиќ. Според тамошни извори Готовина на нивниот нов “сосед“ ќе му подготви тестенини со шкампи, што го потврдил и адвокатот на Младиќ. Останатите затвореници се презадоволни од специјалитетите на хрватскиот генерал.
“Тоа е јадење на кое се радуваат сите во притворот. Готовина е одличен готвач. Мене и на уште неколку колеги ни подготви одлични шкампи и шпагети, а слушам дека и на мојот клиент ќе му ги подготви“, рекол адвокатот Шалиќ.
По доаѓањето на третиот кат од затворот, Младиќ веднаш одиграл партија шах со Воислав Шешељ, но адвокатот за жал не знае кој бил победник, додавајќи дека здравјето на Младиќ му е подобрено од претходно.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi