Кина не пушта туристи од странство во Тибет

14 јуни, 20110
11234205464df60ac6a870a257249561_orig

Кина по втор пат во годината не пушта странски туристи на Тибет. Претставниците на туристичките агенции  China Travel Service со седиште во главниот град на Тибет, Ласа, изјавиле дека странски туристи нема да можат да влезат во ова место се до крајот на јули.

Една друга агенција исто така ја потврди забраната за влез на странци на Тибет во јуни и јули, а според кинескиот државен весник Global Times, кој се повикува на интернет сајтовите за туризам, пишува дека тоа ќе биде до средината на август.

Кина редовно го ограничува пристапот до Тибет, и покрај нормалните визи за посета на Кина, туристите кои сакаат да одат на Тибет, мора да добијат посебно одобрување и специјална дозвола. Покрај тоа, странските туристи може да влезат само во организирани групи, под надзор на водич на групата.

Откако во март 2008 година избија протести во Тибет против владата во Пекинг, која насликно ги реши истите, оваа провинција во југозападниот дел на Кина, повеќе од година дена беше затворена за посета на туристи од странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi