ЛОС АНЏЕЛЕС – Група американски научници пронашле револуционерен лек – „драко“ (draco) кој може да детектира и уништи секаков вид вирусна инфекција.
Кога вирус ќе зарази одредена ќелија, тој ја презема контролата над неа за да создава свои копии и да се размножува.
Потоа вирусот создава рибонуклеинска киселина која ја нема во незаразените човечки ќелии.
Лекот „драко“, меѓутоа, прави разлика меѓу заразените и незаразените ќелии преку присуството на таа специфична рибонуклеинска киселина и им „налага“ на заразените ќелии да се самоуништат.