Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на потпишувањето на два договори за отпочнување на реализацијата на инвестицијата на американската компанија “Кемет Електроникс Корпорејшн“ во технолошко индустриска развојна зона Скопје 1 – Бунарџик.
Настанот ќе се одржи во Владата каде Груевски ќе оствари и средба со претставници од компанијата.
Потоа, претседателот на Владата, ќе присуствува на поставувањето на камен темелник за изградба на нова фабрика на американската компанија “Кемет Електроникс Корпорејшн“ во Бунарџик.
Извор: Нетпресс