Американските трупи до сабота се повлекуваат од Либија

1 април, 20110
1

Соединетите американски држави до сабота ќе ги повлечат нивните воени авиони од воздушните операции во Либија, со кои сега раководи НАТО, се најавува денес од Пентагон, јавуваат американските медиуми.
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и шефот на американскиот генералштаб Мајк Мулен, изјавиле пред воениот комитет на Претставничкиот дом и Сенатот дека военото учество на САД во Либија ќе заврши во сабота.
Тие се спротивставиле и на идејата САД да бидат тие кои ќе ги наоружаат и обучат бунтовниците за борбите против Моамер Гадафи. Според нивните зборови, тоа би требало да биде работа на арапските и други земји.
Шефот на прес службата на Белата куќа Џеј Карни изјавил дека не гледа противречност меѓу изјавите на Гејтс и изјавите на претседателот на САД Барак Обама дека тој “ниту ја подржува, ниту ја исклучува“ можноста за обука и наоружување на бунтовниците во Либија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *