Цеца бара црногорско државјанство, судот и го попишува имотот

1 април, 20110
00

Српската пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ, обвинета за незаконита продажба на фудбалери и поседување на оружје, поднела барање до Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за добивање на црногорско државјанство, пишува денес црногорски “Вести“ повикувајќи се на извори на министерството.
Таа, како што наведува весникот, денеска би требало да пристигне во Тиват, со приватен лет од Љубљана, околу 13:00 часот, со хеликоптер АЦ 313, кинеско производство, регистриран во една од земјите на Европската унија.
Од Министерството не сакале да ја потврдат информацијата за нејзиното пристигнување, туку во соопштение известиле дека во конкретниот случај “не постои пречка да се постапи по налогот за добивање на државјанство од Црна Гора, во согласност до важечките прописи од таа област“.

Весникот наведува дека во барањето, Цеца навела дека е црногорска снаа, како и дека се повикала на случајот на Драган Џајиќ, кој веќе доби црногорско државјанство.
“Министерството чека доказ дека Светлана е испишана од книгата на државјани на Србија“, изјавил помошникот на Министерот за внатрешни работи Осман Шубашиќ, кој на прашањето дали давањето на контроверзната српска пејачка црногорско државјанство би ги расипало односите меѓу Белград и Подгорица, тој истакнал дека тоа било правен процес и дека ќе се одлучи во интерес на Црна Гора.
Имено, српски “Курир“ пишува дека на пејачката и се изгубил трагот, не се јавувала на телефон и не се појавувала во јавност.
Дури и во нејзината вила изгледало како никоја да не живее со денови.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *