Анализа: Берлускони-магнат со нагон за бурен живот

6 април, 20110
PALAZZO CHIGI - CONFERENZA STAMPA DOPO L'INCONTRO TRA IL PRESIDENTE DEL CONSIGLIO E IL PRIMO MINISTRO IRLANDESE, PRESIDENTE DI TURNO DELL'UE
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони сам ги заработил своите милијарди, има шармантна насмевка и отворено ја признава својата страст кон млади и сензуални жени.
“Широкограден и татковски настроен“ кон девојките, кои ги посетувале неговите забави и “болен и човек на кого му е потрбна помош“, според неговата сега веќе оттуѓена сопруга. Берлускони го следат дузина корупциски и секс скандали уште откако влезе во политиката и во власта во почетокот на 90-те години на минатиот век.
Големиот медиумски и градажен магнат се појави на растргнатата од корупција политичка сцена и ги доби изборите во 1994 година со новата партија “Форца Италија“ (“Напред Италија“), чие име личи на фудбалско скандирање. Неговиот популистички стил му гарантира надмоќ во еден дел од италијанското општество, но Берлускони беше непожелен од други, и во последниве години се вмеша во ефтини скандали и серија од срамни меѓународни гафови. Неговиот политички разум, а како што би рекле неговите критичари, контролата врз трите најголеми приватни телевизиски канали во Италија, му овозможија на Берлускони да опстои во бурната и збунета италијанска политика, и тоа во континуитет цели 17 години, пишува новинската агенција “Франс Прес“, пренесува Нетпрес.
Роден е во Милано, во 1936 година. Берлускони кратко време бил продавач на правосмукалки. Се посветува на кариерата во просперитетниот градежен бизнис, и склучува зделка со раководител на банка, во која татко му бил на водечката позиција. Мистеријата околу изворот на неговите финансии за амбициозниот проект за градска градина, ги натерало критичарите да го обвинат за врски со организираниот криминал, ккао и за корупција и измами. И покрај тоа што имало првостепени пресуди против него, сите дела на крајот или се укинати поради застареност или поради други некакви судски органичувања.
Во 1978 година, Берлускони ја создава “Фининвест“, холдинг компанија, која постепенно се развива и расте, и вклучува неколку семејни компании, меѓу кои “Медиасет“, фирма која управува три национални телевизиски канали, и Милан, еден од светски водечките фудбалски клубови.
Меѓу 1996 и 2008 година, Берлускони е најбогатиот човек во Италија. Премиерот “љубовник“ широкоградно го даваше своето богатство. Им даде 562.000 евра на 14 млади жени само за една година, покажале податоци од неговата банкарска сметка, презентирани за време на истрагата во рамките на скандалот “Рубигејт“.
Неговиот прв обид како премиер во 1994 година продолжи едвај неколку месеци.  Но, во 2001 година Берлускони повторно победи на изборите по сериозната медиумска кампања, во која до 15 милиони домови во Италија беше испратена илустрирана книга со воздигнување на неговите претприемачки и спортски успеси на “семејниот маж“. Медиумскиот магнат остана на власт до 2006 година, по што доби и трет мандат во 2008 година.
Освен поради редицата дела за корупција, поткупи и даночни имами, популарноста на Берлускони доби уште еден удар со обвиненијата дека плаќал за секс со егзотична млада старлета, позната како Руби. Премиерот сака да игра на картата “латино љубовник“. И претходно имаше афери со млади русокоси, поради кои и го напушти неговата втора сопруга Вероника Ларио, која лани се разведе од него.
Но, последните шпекулации за секс забавите на “латино љубовникот“, се сметаат од некои критичари на Берлускони за доволна причина тој да биде отсранет од својата функција.
Филм за животот на Берлускони, емитуван пред последниот процес, го разгневи премиерот, бидејќи беа покажани сцени од неговата сега покојна мајка, во кои таа тврди дека нејзиниот син никогаш не би се занесувал по жени.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi