Анализа: Гневот на ЕУ кон Албанија стана јавен

popara20 мај, 20111min00
court_of_appeal9_m
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо презеде невиден чекор и ја откажа посетата на Албанија, во време кога во земјата повторно има проблеми поради резултатите од изборите. Високи извори од Европската комисија наведуваат дека трпението на Брисел во однос на земјата, која се надева дека ќе се приклучи на европскиот блок, се повеќе се губи, пишува “ЕуроАктив“, пренесува НетПрес.
Тензиите поради локалните избори кои се одржаа на осми мај, беа внимателно следени од Евроската унија, Баросо ја откажа својата посета на Албанија, која била предвидена во рамки балканската турнеја. Последните настани изгледаат како тажно повторување на ситуацијата по парламентарните избори на 28 јуни 2009, кога социјалистите, кои се во опозиција, одбија да ги прифатат изборните резултатит и ја обвинија владата за корупција и фалсификување на гласовите.
Високи претставници на Европската комисија велат дека во Брисел веќе губат трпение во однос на земјата и забележуваат дека Тирана ја ризикува историската шанса да започне преговори за членство во ЕУ. Наташа Батлер, портпарол на комесарот за проширување на Штефан Филе, призна дека “недостаток на политичка зрелост” е карактеристична за последните настани во земјите од Западен Балкан, а како пример ги посочи случувањата не само во Албанија, туку и на Косово и во Македонија.
Во Косово некои официјални лица веќе упатија отворени антиевропски пораки, особено против мисијата на ЕУЛЕКС.Во Македонија албанските партии неодамна го поставија под сомнение Охридскиот договор, на чија база меѓународната заедница ја “спаси“ земјата од насилството и хаосот во 2001 година.
Официјално од Комисијата посочија дека Баросо ќе ја посети Албанија кога политичката клима е поволна за дискусија на европски теми. Портпаролот на Баросо Пиа Хансен изјави дека не се сеќава за друг случај претседателот на Европската комисија да ја откаже својата посета на сличен начин. Во средата високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон повика политичарите во Албанија да го задржат мир и предупреди “да не се изложува на ризик животот на граѓаните”. Откако опозициската партија повика на бунт поради резултатите од изборите, Ештон рече дека малата разлика на изборите за градоначалник на Тирана значи дека “двете страни треба да ги премостат разликите и да најдат решение”.
“Сегашната ситуација покажува колку е кревка политичката ситуација”, додаде високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag