Анализа: САД ризикуваат да го изгубат Пакистан

10 мај, 20110
0
Ликвидирајќи го Осама бин Ладен и добивајќи таков адут, за каков неговиот претходник Џорџ Буш можеше само да сонува, американскиот претседател Барак Обама, сепак, ризикува да го обезвредни сопствениот успех.
При тоа многу е веројатно тој дури и да не го разбира тоа. Барак Обама ризикува да го изгуби Пакистан, без кој борбата со тероризмот и реализацијата на “авганистанско-пакистанската стратегија“ на Белата куќа – главниот геополитички проект на администрацијата, ќе се распаднат, анализира рускиот весник “Комерсант“, пренесува Нетпрес.
Дури и нешто повеќе. Растечката криза во Пакистан, испровоцирана од операцијата на американските армиски специјалци, може да ја потресе таа централноазиска нуклеарна земја, бувално до нејзината срж. Ако тоа се случи, тоа ќе предизвика меѓународни проблеми, како блискоисточните востанија, палестинската автономија и дури како Иран и како Северна Кореја, кои ќе изгледаат ништовно за доблесниот победник на Осама.
Потврда за ова е тоа што САД се движат со брзо темпо кон губењето на својот клучен сојузник во централна Азија, со последните случувања во Пакистан. Воздушните напади на американските беспилотни летала врз цели на пакистанска територија, во кои неретко има и жртви од цивилното и мирно население, и со огромни напори заташканиот скандал со американскиот дипломат во градот Лахор, кој милувал да си пука со својот пиштол, и без тоа го засилија антиамериканското расположение. Но, најсилната шлаканица за Исламабад допрва претстоеше. Таа шлаканица стана операцијата за ликвидирање на Осама бин Ладен, за која првиот човек на министерството за внатрешни работи на Пакистан дознал дури 15 минути по нејзиниот почеток.
Денеска американските конгресмени се незадоволни – зошто да се финансира земја, на чија територија со години се криел најголемиот американски непријател. Во меѓувреме во Пакистан се случи друг скандал. Основното прашање, кое се поставува на нестабилното раководство на земјата, не е зошто Осама бин Ладен нашол засолниште во Пакистан. Основното пакистанско прашање е како тоа се случило, властите во земјата да се претворат во беспомошни статисти, на кои Вашингтон не им верува, и кои не ги почитува, спроведувајќи воена операција на пакистанска територија и грубо нарушавајќи го пакистанскиот суверенитет.
Не е никаква тајна дека во моментов САД му даваат огромна финансиска помош на Исламабад. Изгледа затоа во Вашингтон одлучиле дека Пакистан нема каде да оди. Кој плаќа, тој ја порачува музиката. Сегашните пакистански власти можеби би биле среќни да го заташкаат скандалот, но големото прашање е дали тие власти ќе успеат да им одолеат на труболенциите во последниве две недели. Новата власт, пак, јавно нема да ги одреди како приоритет односите со САД. Нешто повеќе, од сојузник Пакистан може да се претвори во непријателска земја за САД, земја со нуклеарно оружје и со сите последици, кои произлегуваат од тоа.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *