Дали Рим утре ќе го погоди земјотрес?

10 мај, 20110
01

Предвидувањата на покојниот сеизмолог Рафаел Бенданди, дека на 11 мај 2011 година, Рим ќе го погоди катастрофален земјотрес, многумина италијани ги фати паника и со страв го очекуваат утрешниот ден. Некои римјани дури планираат да си земат слободен ден од работа, за да отидат на друго место  надвор од градот.

Бенданди кој почина во 1979 годинам верувал дека земјотресите се резултат на комбинација на планетите и дека сосема може да се предвидат. Дополнителен страв кај римјаните влева и фактот дека тој точно го предвидел денот на земјотресот во 1923 година кој го подоги Јадранот.

Но поголемиот број на жители на Рим се скептични и со доза на недовреба ги слушаат ваквите “црни“ предвидувања.

Националната телевизија RAI цел ден емитува реклами кои имаат за цел да ги смират тензиите меѓу населението и дополнителна едукација за реалните можности на предвидување земјотрес.

Сеизмологот Алесандро Амато е задолжен за смирување на вознемирените граѓани. “Нема никаков поголем ризик од земјотрес. Датумот 11 мај е ист како и секој друг, а ова предвидување е само едно од низата погрешни предвидувања и проценки, за тоа кога ќе се случи катастрофа“, додал Амато.

Кај италијанците се уште се свежи сеќавањата од земјотресот во 2009 година, во градот L’Aquilu, кој зема 300 животи. На можноста дека овој земјотрес ќе се случи, предупредил научникот Џампаоло Џулијани, кој тогаш ги информирал властите, но никој не му поверувал.

http://www.youtube.com/watch?v=Z3tNLVAJT2I

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *