Анализа: Се создава нова грчка трагедија

17 јуни, 20110
155261
Настаните кои ја потресуваат Грција добиваат се’ поголема драматичност. Кон средината на јули земјата ќе биде принудена да го објави својот најголем неуспех, а тоа е банкрот, ако не добие уште една финансиска инјекција од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во износ од 12 милијарди евра.
Во средата Грција повторно беше потресена од масовни штрајкови и антивладини демонстрации, а желбата конзервативната опозиција да биде вклучена во владата на национално единство пропадна.
Со сите овие настани пред своите очи, грчкиот премиер Јоргос Папандреу презеде едно неочекувано решение да направи реконструкција во составот на својот кабинет и да се стави крај на поделеноста во владејачката партија, пишува “Независимаја газета“, пренесува НетПрес.
Се заострува состојбата и во ЕУ. Во Берлин ќе престојува францускиот претседател Никола Сакрози, а главна тема во разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел се условите под кои ќе треба да се одобри новиот пакет финансиска помош за презадолжената Грција во износ од 120 милијарди евра. Берлин и Париз се главните и клучни финансиски играчи на европското поле. Несогласувањата помеѓу Германија и Франција оневозможиле во вторникот по средбата на министрите за финансии на ЕУ, да биде постигнато усогласување и да биде дадена една заедничка изјава во Брисел. Во меѓувреме курсот на еврото продолжува да се менува.
Подготовките за репрограмирање на грчките долгови преку продолжување на рокот за отплата на обврските за седум години се во полн ек. Засега пречка околу процесот на репрограмирање е барањето на Меркел за тоа дел од обврските кои ги создала Грција да бидат преземени односно да “паднат на грбот“ на приватните кредитни институции. Идниот претседател на Европската централна банка, Мариод Драги, предупредил дека сите концепти кои не предвидуваат и не се базираат на доброволно учество на приватниот сектор, треба да бидат одбиени поради опасните последици кои може да ги остават.
Со германската позиција не се согласуваат и голем број земји членки на ЕУ, пред се’ Франција. Меѓународната рејтинг агенција “Мудис“ и без тоа се заканува да го намали рејтингот на три француски банки поради нивната вклученост во грчките долгови. Париз не може да замисли поголемо учество во презадолженоста на Грција, имајќи ги во предвид претстојните претседателски избори. За германската канцеларка Меркел не е лесно да се направи отстапување. Пред неколку дена Бундестагот усвои резолуција во која како услов за прифаќање на новиот план за спас на Атина се посочува учеството на приватните инвеститори.
Но, ако Атина до 11 јули не ја добие следната транша од ЕУ и ММФ, Грција неизбежно ќе навлезе во зона на државен банкрот. Премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер, во надеж дека ќе се постигне договор помеѓу Меркел и Саркози, свика нова седница на министрите за финансии од евро зоната и очекува дека помошта ќе биде одобрена на 23 или на 24 јуни за време на средбата на ЕУ.
Но, под голем знак прашање е дали грчкиот премиер дотогаш ќе успее да ги постави сите услови поставени од ЕУ и ММФ. Папандреу најави дека ќе продолжи по досегашниот тек. Ова значи усвојување на закон за дополнителни буџетска заштеда во износ од 28 милијарди евра и приватизација на државен имот од 50 милијарди евра, а власта има парламентарно мнозинство со само четири пратеници повќе од опозицијата.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi