Ананас и Холивуд диета

6 јуни, 20110
naslovnadieta

На долгата листа на диети, овие две се вклучени како едни од поефикасните кои ќе ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми. Светските диетолози се повеќе се заинтересирани за моќните својства на ананасот. Во оваа здрава јужна овошка скоро и да ги има сите витамини и минерали, селен, супстанци кои го забавуваат стареењето. Меѓутоа, главната тајна во ананасот, лежи во ензимот бромелаин, кој ги поттикнува согорувањата  на  масти и го забрзува метаболизмот. Овој ензим, нажалост е многу осетлив на топлина, па затоа најдобро е да се јаде свеж ананас, кој е многу подобар и содржи богати ензими, овошни киселини и витамин Ц, за разлика од конзервираните. Ананасот ги исфрла течностите и токсичните материи од организмот, го зајакнува организмот, помага да се намалт вишокот килограми, а има само 65 калории во 100 грама. Иако во текот на оваа диета треба да имате испланирана исхрана, ананасот можете да го јадете кога ќе посакате. Оваа интересна диета се држи 5 дена, но во парните и непарните денови се јадат одредени намирници. Диетата можете да ја држите во континуитет полни месец дена, по што се препорачува кратка пауза.

За холивуд диетата се пишува многу, а најповеќе бидејќи претставувала чудо од диета која ја држат многу познати ѕвезди. Таа всушност е пијалок кој претставува комплетна замена за храна во текот на 48 часа. Се мешаат 4 децилитри вода со 4 децилитри од овој напиток, а се пие во текот на 4 часа и тоа 4 пати на ден. Додека сте на диета треба да пиете минимум осум чаши вода на ден. Во текот на тие 48 часа додека ја држите на диетата, смеете да пиете само вода и тој специјален напиток, ништо повеќе. Диетата била богата со витамини и минерали.

Вие проценете која од овие две диети ви изгледа поздрава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi