
Најновите гласини поврзани со холивудскиот пар Бред Пит и Анџелина Џоли се дека тие посвојуваат уште едно дете. Овој пат желбата на Анџелина ќе се исполни и таа ќе добие девојче од Мексико.
Веста сеуште не е потврдена од страна на портпаролот на Анџелина, но шпекулациите велат дека тие наскоро ќе го добијат девојчето, само се чека да се средат потребните документи. Близок извор на парот вели дека тие сакале да ја објават веста на Канскиот филмски фестивал.
Доколку ова е вистина, тоа ќе биде седмо дете за Анџелина и Бред.