Путин заработува повеќе од Медведев

12 април, 20110
putinandmedvedev
Рускиот премиер, Владимир Путин минатата година заработил 179.000 долари, а шефот на руската држава, Димитриј Медведев заработил “само“ 121.000 долари.
Поранешниот претседател на Русија, а сега шеф на владата Путин, во понеделникот ги објавил податоците за минатогодишните приходи што тој ги остварил, од  каде може да се заклучи дека заработува подобро од рускиот претседател.
Критичарите на Кремљ ги исмеале податоците, оценувајќи дека заработката на политичарите стекната преку мито е далеку поголема. Истакнале дека Русија се наоѓа на 154 место по корумпираност од 178 места на скалата на “Транспаренси Интернешнл“.
Најбогатиот руски политичар е министерот за природни извори Јуриј Трутнев, кој минатата година го зголемил своето богатство за 4 милиони долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *