Со оглед на тоа дека Angelina е мајка на шест деца, сепак мора да признаеме дека одлично и оди и во кариерата и покрај многуте семејни обврски.
35 годишната убавица, Angelina потпиша договор со модната куќа Louis Vuitton вреден близу шест милиони долари. Со тоа таа стана новото заштитно лице на оваа француска модна куќа.
Кампањата би требало да почне ова лето, а со тоа и Angelina ќе може да ја видиме во некои од креациите на оваа модна куќа, кои до сега избегнуваше да ги облече.