За да се стимулира микроциркулацијата и да се врати тонусот на кожата и мускулите потребно е да правите почесто антицелулитни масажи. Со нивна помош ќе се забрза циркулацијата и побрзо ќе се исфлат непожелните масни наслаги. Целулитот се наоѓа на 3-5 микрометри под површината на кожата, па затоа не е потребно масажата да биде груба. Тоа само може да предизвика болка и појава на модринки.
Доколку имате проширени вени, висок крвен притисок или егзема не е препорачливо да практикувате антицелулитни масажи.
Масажата ќе биде поефикасна доколку ја правите со етерични масла или производи кои се врз основа на бршлен, алги, костени, Гинко билбоа или коефеин.