Антидепресивите може да предизвикаат срцев удар

4 април, 20110
antidepresivi

Средовечните мажи кои често земаат антидепресиви се изложени на опасност од срцев удар. Ова е заклучокот од едно научно истражување. Американските кардиолози направиле една студија во која вклучиле 59 пара близнаци. Во секој пар близнаци, еден од нив земал антидепресиви. По извесен период тие подлегнале на испитувања, при што се утврдило дека антидепресивите предизвикуваат стеснување на артериите. Сите видови на антидепресиви ја намалуваат дебелината на артеријата, а со тоа се намалува дотокот на крв до срцето. На тој начин се појавува опасноста од срцев удар.

Оваа појава е забележана кај оној близнак кој земал антидепресиви, додека пак кај оној близнак од парот кој не внесувал вакви апчиња оваа појава не е регистрирана.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *